На 14.09.2019 од 16.00 до 22.00 часот на територија на СВР Велес била спроведена контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли. Притоа, биле констатирани вкупно 44 прекршоци, од кои 21 во Велес, 18 во Кавадарци и пет во Неготино. За сите прекршоци биле изречени соодветни казни.