Во тек се градежните активности во детската градинка “Калинка” – Валандово, каде се реализира проект за реконструкција на нејзиниот централен објект. Со реализација на овој проект, детската градинка ќе добие целосно обновен, модерен и енергетски ефикасен објект со заштеда на енергија од 70%. Изведбата на градежните работи се одвива според претходно утврдениот динамички план за изведба и истата е по предвидените стандарди.
-Проектот за реконструкција на детската градинка е финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка, со Р. Грција, каде Општина Валандово е носител на проектот, заедно со партнерските општини Серес и Радовиш, музичкиот конзерваториум од Грција и ЦЕРТ, истакна градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.