Во Струмица ќе се дискутира на тема „Македонската бизнис-заедница како партнер на НАТО“

Во Струмица денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема „Македонската бизнис-заедница како партнер на НАТО“ во рамки на НАТО-карванот низ неколку града во државата, во организација на Инфоцентарот за евроатлантски интеграции.

Се очекува на панел-дискусијата да се обратат Крешник Бектеши, министер за економија, и Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија.

Како што соопштија од Инфоцентарот за евроатлантски интеграции, во рамки на карванот во секој град во ист ден се одржуваат по неколку настани. Овие настани им нудат можност на граѓаните да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија, како и улогата што НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e