Во стан во Кавадарци пронајдена почината жена

Вчера во Кавадарци во стан на улицата „Едвард Кардељ” е пронајдена почината Ц.Т. (76), соопшти МВР.

Истиот ден во 10 часот во Полициската станица Кавадарци, од страна на Итната медицинска помош при Јавната здравствена установа „Здравствен Дом”- Кавадарци било пријавено дека биле повикани на споменатата улица, каде што е пронајдена починатата жена.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се изврши обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e