На 28.07.2019 година во 22,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ малолетник од Скопје управувајќи мопед „Пијаџо“ со скопски регистарски таблици изгубил контрола над мопедот и паднал. Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.