Во Скопје 10 сообраќајќи, две починати лица во изминатото деноноќие

Во текот на изминатиoт ден (21.05), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои една со починати лица, една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица го загубиле животот, едно се здобило со тешки телесни повреди и пет со лесни телесни повреди.

89 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 25 возачи, бидејќи 18 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и пет го управувале возилото под дејство на алкохол.  Две возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле технички неисправни.

Пет возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и 16 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 120 мандатни платни налози,  додека исто така 68 возила се подигнати со “Пајак”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e