Во Ранковце се отвори фабрика за производство на пелети, инвестиција од 3 милиони евра која ќе овозможи 100 вработувања

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и со министерката без ресор, Зорица Апостолска, присуствуваа на свеченото отворање на фабриката за производство на пелети „Еко лајф“, во Гиновце, општина Ранковце. На свеченото отворање присуствуваа и градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

40215250_693755587632841_5465065177982435328_n 40247054_2244555509099309_7953474632630140928_o

Станува збор за инвестиција вредна 3 милиони евра, во која за почеток се отвораат нови 40 вработувања, а во следниот период бројката на нови вработувања ќе достигне до 100 лица.

img_3587

img_3830

40152320_693755314299535_6430404711785955328_o

40269679_693755367632863_6751144919466770432_o

Министерот Николовски во своето обраќање посочи дека оваа фабрика која е од секторот на дрвната индустрија носи повеќекратен бенефит-како економски развој на општините Ранковце и Крива Паланка, но и заштита на животната средина и здравјето на луѓето преку производство на еколошки производи.

40257927_2244555522432641_3018376047805595648_o

– Во време кога природата ни праќа јасни сигнали за нејзината загрозеност, во време кога се соочуваме со загадување на воздухот, повеќе од потребно е да се фокусираме на обезбедување на здрава и чиста животна средина за граѓаните. Во тој контекст, радува фактот што токму основната цел на оваа фабрика е да даде една нова димензија на еко свеста во Македонија, преку производство на еколошки производи. Оваа домашна инвестиција нека мотивира и поттикне многу домашни инвеститори да ги следат ваквите храбри чекори. Во насока на создавање на услови за работа на компаниите од дрвната индустрија, МЗШВ го поттикнува Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“, како и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, да го развијат своето производство во насока на снабдување со соодветна суровина на субјектите кои ќе произведуваат енергија од обновливи извори, како што е токму оваа фабрика за производство на пелети“, порача министерот Николовски.


Притоа, Николовски потенцираше дека Владата и институциите ќе бидат секогаш партнер на бизнис заедницата преку создавање на поволни услови за раст и развој на компаниите, а како поттик на компаниите на располагање им стојат и мерките од Планот за економски раст кој поддржува нови инвестиции и раст на конкурентноста.

40352620_2244555689099291_3370480000762380288_o

40293658_693755437632856_309734534373441536_o

40304205_2244555712432622_4914540513408843776_o

Инвеститорот Ивица Јаќимовски изјави дека „Еко лајф“ е компанија која е дел од семејството „Голден Арт“ со различна дејност, но која се темели на исти вредности со целосно затворен технолошки процес за производство на пелети.

40172274_693739367634463_5010318133785788416_n

Во оваа фабрика ќе се произведуваат пелети за затоплување, по највисоки европски стандарди, од домашна и странска суровина, со капацитет на производство до 3 тона на час.

40342980_693739370967796_961872954029768704_o

Инаку, пелетите имаат најмала емисиона вредност во однос на јагленот, нафтата и огревното дрво и согласно истражувањата, греењето со пелети загадува 20 пати помалку отколку со дрва. Употребата на пелети за огрев, во домаќинствата и деловните објекти во земјите од Европската унија од година во година бележи пораст.

40307380_693739337634466_369974895263612928_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e