Поради градежни активности за реконструкција и рехабилитација на регионалниот пат Р 2245 (Крива Паланка-с. Огут) на делот од Крива Паланка до с. Осиче во прекин е сообраќајот на оваа делница, информираат од локалната самоуправа на Крива Паланка. Инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е ЈП Македонија пат.
Почнувајки од 05.06.2018 год, па во наредните денови ќе се врши поставување на нов слој асфалт и тоа со почеток од с. Осиче во правец кон Крива Паланка.
Поради тоа сообраќајот ќе биде целосно во прекин на посочената делница со пропуштање само на итни случаи, па се препорачува истата да се избегнува. Се молат граѓаните да имаат разбирање за погоре наведеното. – велат од општината.