СЕ ОДРЖА ЈУБИЛЕЈНОТО 10-ТО ЏИПШРЕЛИ „КАЛИН КАМЕН“ 2018, КРИВА ПАЛАНКА
Општина Крива Паланка по десетти пат беше домаќин и организатор на џип-релито „Калин Камен“,заедно со Здружението на граѓани Авто мото клуб „Офф Роад Осогово“.
Настанот има ревијален карактер, а се одржува по повод Денот на Сесловенскиет просветители, 24 мај, под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските Планини“
Поттикнати од предизвикот кој го нуди несекојдневната авантура, возбудата на четири тркала да се мине низ пејзажните крајолики предели, стрмнини, угорници и удолници, полјани и шумски честаци во височините на Осоговието, и годинава над петстотини љубители на офф-роад предизвиците пристигнаа рано утрото на 24 мај во Крива Паланка.
Над 100-тина џипови, 50-тина моторцикли и останати возила го преплавија градот, во исчекување на стартот на релито со патека во вкупна должина од 74 километри.
Организаторите презадоволни од одзивот и интересот на учесници, кој од година во година е се поголем, а покрај учесници до сиет кареви на Македонија, релито е неодминлива дестинација и за гости од Србија и Бугарија.
Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, рече дека во годинашните над петстотини учесници покрај претставници на државни и локални институции, има гости и од речиси сите градови од државата, како и гости од Бугарија и Србија.
-Задоволство е да се видат толкав голем број посетители во градот и убавините на регионот,а манифестацијата е бренд кој одбележува една деценија постоење -промовирање на Крива Паланка.Благодарност и до генералните спонзори кои ја поддржаа манифестацијата годинава, изјави Мицевски.
-Релито е предизвик,авантура,инспирација, неповторливо уживање во сите ретки убавини на Осоговието.И годинава одзивот е голем, а досега, за деветте години учествувале над 5.000 учесници, изјави Аце Ристовски, од офф роад “Осогово”.
Патеката започнува на плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, завршува во манастирот Св.Јоаким Осоговски, а на Царев Врв се припојуваат и учесници од Македонска Каменица и Кочани.
Рели „Калин Камен“ има за цел да ги промовира културно-историското и природното наследство на регионот.