Во организација на „ПОРАКА“ се одржа хуманитарен хепенинг во Струмица

По повод Лазарова сабота и претстојните велигденски празници, денеска, во малиот парк спроти „Глобал“ се одржа хуманитарен велигденски хепенинг, а во организација на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица. На хепенингот беа претставени ракотворби, украси, кошнички за јајца и други креации со велигденски мотиви изработени од децата и младинците членови на овој Центар, дел од членовите и на лице место бојадисуваа јајца.

На хепенингот присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, кој купи дел од понудените производи со што ја потврди својата хуманост.

Средствата собрани од продажбата ќе бидат искористени за опремување на социјалниот клуб на „ПОРАКА“ со потребните дидактички материјали за работа.

17796599_1256529237733837_643042047612567187_n 17760138_1256529227733838_6182282011295979752_n 17634687_1256529301067164_8778074448312552438_n 17523691_1256529241067170_5959524859511983681_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e