Во општина Карпош ќе се гради куќа за лица со посебни потреби над 18 години

Проектот за изградба на куќи за самостојно живеење на лица со попреченост над 18 години денеска беше презентиран пред градоначалникот на Карпош Стефан Богоев и претставници од Здружението за деца со посебни потреби „ДАМА – ЕЛ“ и подружница „Св.Кирил“ – Дневниот центар за деца со посебни средби.

Се работи за 12 куќи кои ќе се изградат во 12 општини. Планирано е една од овие куќи да се изгради и во Карпош. Општина Карпош ќе обезбеди земјиште за изградба на куќата, како и целосна инфраструктура за пристап и функционалност на објектот.

– Општината е сериозно подготвена за целосна имплементација на проектот. На територорија на Карпош веќе има куќа на СОС Детското село. Ова е добра шанса и за зголемување на капацитетите на ваков тип објекти кои нудат подобри услови за живот на лицата без родители или лицата со попреченост, истакнал Богоев на средбата.

Претставниците од Здружението „ДАМА – ЕЛ“ ја нагласиле важноста на овој проект кој е во соработка со Министерството за труд и социјална политика, дипломатските претставништва во Република Македонија, UNICEF и Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e