Утре, петок (23.3.2018), во салата на Советот на општина Центар ќе се одржи работилница на тема „Локално Активно Вклучување на Младите во Институциите“ (ЛАВМИ), која е во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и Агенцијата за млади и спорт.
Целта на работилницата е да ја поткрене свесноста и знаењето кај младите за тоа што е политика, а што е партија, како и што е партизираност, а што политизација.
Покрај ова, младите на оваа работилница ќе имаат можност да се стекнат и со вештини за создавање и пишување предлог проекти, како и да го збогатат своето знаење за процесот за креирање на политики.
Циклусот обуки на територија на општина Центар стартува утре, петок (23.3.2018), со почеток од 15.00 часот.