Претстојната недела во Скопје ќе се реализира трката „Скопје трча 10 километри“. Државна видеолотарија на Република Македонија како општествено одговорна компанија го препозна хуманиот карактер, па реши да даде свој придонес. „Секој километар значи“ е насловот на трката која ги обединува сите кои се општествено одговорни, сега со примарна цел да се помогне на младинците од СОС Детско село.
Државна видеолотарија заедно со Државна Лотарија на РМ ќе дадат свој придонес кон реализирањето на основната цел, собирање средства за изградба на Младинската куќа во СОС Детското село, во Радишани. Тимот на Државна видеолотарија го препозна потенцијалот на овој убав настан кој во себе ги обединува спортот како начин на здрав живот и хуманоста за младинците од СОС Детското село.
Организаторите со покана сите заедно да бидеме дел од овој убав настан со силна верба дека ќе успее да ја достигне својата основна цел. Екипите на Државна видеолотарија на РМ и Државна Лотарија на РМ ќе бидат позиционирани со свој штанд на местото од каде трката ќе започне.
Почетокот е в недела (7 октомври) во 9 часот. Стартот е до фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“, а и самиот финиш ќе биде на истата локација. Трката е кружна и се трчаат 2 круга по 5 километри.
Организаторите ги покануваат сите заинтересирани да бидат дел од „Скопје трча 10 километри“.