И во наредната година општина Крива Паланка повторно ќе соработува во проектот на ГИЗ

Како резултат на успешната реализација на ргионалниот проект Спорт за сите кој беше имплементиран во општина Крива Паланка,општината повторно е избрана за соработка во спроведување на регионалниот проект на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ во наредната година.По тој повод денес во работна посета беше претставник од министерството за економија и развој од Германија, г.Симон Хеинкеле, кој заедно со градоначалникот Мицевски водеше дискусија за остварената успешна соработка досега, но и за идните предизвици што следат. На оваа средба беа присутни и претставници на ТАКТ и претставник од Кошаркарскиот клуб во Крива Паланка.

-Знам дека направивме многу убави урбани и спортски нешта во досегашните активности кои беа зацртани во овој проект и радува фактот што гледаме задоволство кај дечињата од руралните средини и децата од ромската заедница.Сакаме да ја продолжиме оваа приказна,имено да ги споделиме искустват од досегашните активности и да ја продолжиме можноста од проширување и надградување со нови вредности.Крива Паланка како општина секогаш е отворена за соработка-рече градоначалникот Борјанчо Мицевски на денешната работна средба.

На состанокот г.Симон Хеинкеле се запозна подетално со сите партнери во проектот како и со нивните заеднички активности кои беа спроведени во изминатиот период.Тој љубопитно ги слушна искуствата од доегашната соработка на сите учесници во проектот. Но главен акцент во разговорот беше ставен во насока на идните можности за соработка на општина Крива Паланка со ГИЗ и ТАКТ, како и за конкретни активности во насока на социјална инклузија на младите од руралните средини и припадниците на ромската етничка грипа. Кога станува збор за овие групи ,Мицевски ги појасни сите предизвици во сферата на спортските активноти и како тоа општината се справува со нив.

-Поздрав од нашето министерство за успешно спроведениот проект.Нашто министерство секогаш подржува вакви активности и за министерот е важно се што е поврзано со спортот.Овој проект се води од 2014 и тоа во повеќе земји меѓу кои Африка,Јужна Африка,Блискиот Исток и спроведен на Балканот-истакна г.Симон Хеинкеле од ГИЗ.Ова е наш заеднички успех и се надевам ќе продолжиме понатаму со уште поголема мотивација во остварување на зацртаните цели додаде г.Хеинкеле.

Господинот Хеинкеле во иднина ќе присуствува на тренинг од програмата Спорт за развој.Овој тренинг ќе биде одржан во просториите на ученичкиот дом Боро Менков, а истиот ќе биде спроведен од млади локални лидери и обучени локални инструктори од истата програма.
Да потсетиме дека регионалниот проект Спорт за сите кој се имплементираш во Крива Паланка беше финансиски подржан од Министерството за економија и развој на Германија,а го спроведоа Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ со ГИЗ-Северна Македонија и здружението за унапредување на меѓусебна доверба-ТАКТ,со заедничка сорботка со локалното партнерство Спорт за развој од Крива Паланка и општина Крива Паланка.

За крај градоначалникот Мицевски се заблагодари за заедничкиот успех и посака уште подобри резултати и поголеми успеси во насока на користење на спортот како алатка за поттикнување на развојот кај младата популација во нашата општина.Верувам заедно ќе успееме во тоа.Мицевски срдечно упати благодарност до присутните гости и до Министерството за економија и развој на Германија, како и до сите соработници од ТАКТ и ГИЗ и Локалното партнерство-спорт за развој од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e