Возачкиот испит е предизвик за младите. Стресното искуство мора да се надмине, бидејќи автомобилот е навистина потребен и за секојдневието, а и за работа каде неретко се бара „Б“ категорија, велат младите кумановци кои на топлото време, трпеливо чекаа да полагаат „градска“ во близина на поранешната фабрика „Чик“.