Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски денеска го најави стартот на проектот Реконструкција на дел од водоводната мрежа.Во наредниот период според првиот човек на градот ќе се работи на замена на постоечките азбестно- цементни цевки во водоводната мрежа со полиетилентски водоводни цевки.
– Ова е само еден од горливите проблеми со кои се соочуваше Крива Паланка не само од еколошки аспект туку и од аспект на заштеда на огромени количини вода како и поради постојаните дефекти кои се јавуваат овде.За таа цел обезбедивме 13 милиони денари или 210 илјади евра со кои што во наредниот период ќе направиме зафати на повеќе улици во централниот дел на градот :Моша Пијаде,Партизанска,Херој Карпош,8 Октомври,11 Октомври и Борис Кидрич, истакна Мицевски.
Мицевски кажа дека е предвидено реализацијата на целиот проект да трае 8 месеци по потпишување на договорот со изведувачот но сепак очекувањата се дека неговата реализација ќе биде и порано.
Вредноста на проектот според проектната документација била 14.500 000 денари без ДДВ но со јавната набавка се постигнала пониска цена на чинење на истиот. Проектот е во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на локалната водоводна мрежа во општината преку проектот на Владата на РМ и Европската инвестициона банка „Водоснабдување и одведување на отпадни води.
Со овој проект ќе биде заменета водоводна мрежа со вкупна должина од 2844 метри.