Во Крива Паланка симултанка во шах со велемајстор Роландо Кутиров – Пријавувањето е во тек

Во насока на популаризација на шаховската игра, Општина Крива Паланка организира симултанка со велемајсторот Роландо Кутиров, информираат од локалната самоуправа.
Право на учество имаат сите заинтересирани кои ќе се пријават најдоцна до 20-ти месецов.
Пријавување се врши секој ден на телефон 031/375-035, 078/358-948 или на маил [email protected].

Од општината упатуваат отворена покана до сите заинтересирани кривопаланчани да се пријават за другарување и играње шах со велемајсторот и поранешен селектор на Шаховската репрезентација на Македонија Роландо Кутиров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e