Во Крива Паланка се одржа еколошка акција „Почиста животна средина за подобра иднина“

Општина Крива Паланка активно се вклучи во еколошка акција под наслов „Почиста животна средина  за подобра иднина“.

Носители на акцијата се вработените во  Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и Јавното претпријатие „Комуналец“ како и  вработените во институциите и учениците и наставниците од осоновните и средното училиште, вработените од приватниот бизнис сектор, здруженија на граѓани, месни заедници и воопшто граѓаните на Крива Паланка.

Целта на акцијата е да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места, на  зелени  површини во градот и приградските населби во нашата околина, да се развива свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да ја потврдиме заедничката одговорност во остварување на заложбата за почиста животна средина и поубава и посреќна иднина.

Акцијата опфати собирање отпадоци од јавните и зелените уредени и неуредени површини, крај патни површини, паркиралишта, спортски терени, речни корита, дворни површини на колективните згради и институциите. Распоредени во групи, на  повеќе локации во градот, во кејот на Крива Река, долж ролерско-велосипедската патека, на патот кон манастирот, учениците и нивните наставници, но и сите останати граѓани, дадоа свој придонес и ја направија оваа акција успешна.

29250034_986103771539633_2376893244442148864_o

29257898_986103651539645_5143023913038512128_o

29257909_986103758206301_8794572174288486400_o

29314181_986103721539638_7667151217662885888_o

29315160_986103691539641_508804086699655168_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e