Во Крива Паланка од корона вирус починале вкупно 43 лица

Во изминатите 24 часа, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во Крива Паланка се регистрирани 9 нови случаи на заразени со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека изминатото деноноќие се нотирани 8 оздравени пациенти од овој град.
Во Крива Паланка од почетокот на пандемијата се заразиле вкупно 1070, а во моментов активни се 105 случаи.
Според податоците на Институтот за јавно здравје од почетокот на пандемијата од Ковид-19 оздравеле вкупно 922 лица, а, како последица од вирусот, починале 43 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e