Во општина Крива Паланка во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија-фаза 2 ќе се одржи работилница на тема „Креирање на визија за Осогово-идно заштитено подрачје “.
Работилницата ќе се одржи на 1претстојниот петок во општинската сала со почеток во 10:30 часот. Надлежните од локалната самоуправа ги покануваат сите заинтересирани да се вклучат во работилницата.