Во Крива Паланка ќе биде отворена изложбата „Ѓуриште 2020“

Во петок на 07 мај со почеток во 13 часот во Изложбениот салон при НУ Центар за култура Крива Паланка ќе биде отворена изложбата Ѓуриште 2020.
На изложбата ќе бидат представени дела од 12 ликовни уметници од Штип, Велес, Куманово , Скопје и од Свети Николе.
24 уметнички дела ,во разновидни техники , инспирирани од природата и убавините на Овче Поле и од здравствените работници-херои на денешницата како и актуелната ковид состојба како белег на колонијата и времето во кое е одржана, ке бидат на располагање на заинтересираните посетители од Крива Паланка наредните 15 дена. Изложените уметнички дела се резулатат на минатогодишната 15-та Ликовна колонија Ѓуриште организирана од Домот на културата Крсте Мисирков и општината Свети Николе.
Изложбата е дел од Годишната програма на НУ Центар за култура Крива Паланка преку проектот Преземање изложби , подржана од Министерство за култура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e