Во Крива Паланка изречени 29 санкции за брзо возење

Полицијата во Крива Паланка вчера санкционираше 31 возач.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на подрачјето на ОВР Крива Паланка во текот на вчерашниот ден преземени се засилени мерки и активности во областа на сообраќајот и констатирано е дека 29 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а двајца управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените контроли со цел да се обезбеди поголема безбедност на патиштата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e