Во Крива Паланка вчера се регистрирани 3 нови случаи на заразни со корона вирус.
Според епидемиолошки анализи во моментов, во овој град, има активни 59 корона случаи.
Во текот на изминатото деноноќие, согласно податоците од Министерството за здравство има 8 оздравени пациенти.
Во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ниво на целата држава, од нив најмногу има во Скопје.