Претстојниот четврток со почеток во 20 часот, во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј ќе биде отворена самостојна изложба на Игор Додевски.
Настанот е во организација на Општина Крива Паланка и Градски музеј, а се одржува во рамки на Кривопаланечкото културно лето.
Одговорните од локалната самоуправа ги покануваат сите љубители на уметноста да погледнат дел од уметничките дела работени во изминатите 2 децении творештво на кривопаланчанецот Игор Додевски.