Голема и победничка промоција на Најдоброто за Крива Паланка, за во четврток – 30ти Септември на новиот Градски плоштад со почеток до 19:00 часот, најавија од ОО СДСМ.
Пред кривопаланачи ќе биде претставен кандидатот за градоначалник Сашко Митовски и советничката листа предводена од носителката Изабела Павловска, како и нивната изборна програма.
-Промоција на најдобрата кадровска понуда и програма за продолжување на развојот на нашата Крива Паланка, продолжување на одговорното, чесно и транспарентно работење, порача кандидатот Митовски.