Внук со нож си ја убил бабата во Драчево

Грозоморно убиство денеска го потресе Драчево и Скопје, дозна Пресс24 од неофицијални извори.

Според податоците на Сител, денеска попладне со нож била убиена 66-годишна жена од страна на нејзиниот внук, на улицата ,, Антон Димитов‘‘, во домот на убиецот кого полицијата го привела.

Според информациите од истражните органи станува збор за дваесет годишниот А.Р.

Во моментов во тек е увид на местото на убиството, а полицијата најавува повеќе информации откако ќе заврши увидот на терен и по распитот на приведениот кој е осомничен дека го извршил убиството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e