На 24.01.2018 година околу 10,30 часот во с.Студеничани, скопско, избувнал пожар во куќа на ул.„1“ сопственост на Р.Е.(61).
Опожарена била една соба и инвентарот. Од извршениот разговор со сопственикот како можна причина за настанување на пожарот се наведува вклучена греалка во собата. Од страна на Бригада за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.