(ВИДЕО) Заев и Николовски ја предадоа во употреба спортската сала во Лозово

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменикот на претседател на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, со министерката за образование и наука Мила Царовска и со градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски, денеска ја предадоа во употреба спортската сала во Општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово.
Zaev1Со тоа учениците во ова основно училиште од оваа година ќе имаат најсовремени услови за изведување на наставата по физичко и здравствено образование, откако во сите години претходно содржините по овој предмет се остваруваа на отворено или во адаптираните училници во зимскиот период.

На површина од 650 метри квадратни, спортската сала се состои од комбиниран терен за повеќе спортови, канцеларии за наставници, соблекувални за машки и за женски ученици, и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како што се мал фудбал, ракомет, одбојка кошарка, гимнастика.
Zaev3Во спортската сала има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците, што е од исклучителна важност за комплетниот развој на учениците.

Салата во општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово, е дел од проектот за изградба и опремување на 145 спортски сали од кои досега се завршени 30 во средните училишта, 6 во основните училишта, а уште 7 во основните се во фаза на изградба.

За изградба и опремување на оваа спортска сала од буџетот на Министерството за образование и наука се издвоени нешто повеќе од 24 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e