Со полагање цвеќе на спомен-бистата на паднатите борци од Народноослободителната борба во Крива Паланка денес беше свечено одбележан денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември.
Одбележувањето започна со интонирање на македонската химна.
Цвеќе положија делегацијии од: општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, Совет на општина Крива Паланка, Амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Лоренцо Емилио Сера, предводена од претседателката Изабела Павловска, советничките групи на СДСМ и коалицијата и ВМРО -ДПМНЕ при Советот на општината, Сојуз на борци од НОВ ,Крива Паланка, Полициска станица од ОН , Крива Паланка, ГП Деве Баир, како и делегации од воспитно- образовните институции, културните институции во градот, јавни претпријатија, политички партии, здруженија на пензионери, граѓани и останати организации.
Градоначалникот на Крива Паланка, Мицевски, рече дека во многуте крстопати низ историјата Македонија секогаш носела големи одлуки.
-Самата историја ни покажува дека во месеците август и септември сме донеле клучни одлуки, така беше во 1903, така беше 1944, така и во 1991 година.Знам и убеден сум според оптимизмот кој се шири, не само во Крива Паланка, туку во цела Македонија, дека граѓаните на 30-ти септември ќе излезат и гордо ќе кажат “за” перспективите на Македонија со најжоќните светски воени лидери и најмоќните економски лидери од ЕУ, рече Мицевски.
Упати благодарност до оваа генерација политички лидери кои, како што рече, покажале храброст, одлучност и непоколебливост на најпатриотски начин да им понудат на државата и граѓаните една сигурна, стабилна и перспективна иднина.