Прес конференција,
Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош
Скопје, 21.06.2017
Почитувани граѓани,
На ова место, веднаш зад трговскиот центар Сити Мол, во 2015 година градоначалникот во заминување, Стевчо Јакимовски ја започна со градба и го постави камен – темелникот на долгонајавуваната црква “Христос Спасителот”.
Иако оттогаш поминаа повеќе од 18 месеци, овде нема никаква градежна активност. Како што може да видите, позади нас има само шут и обрасната трева кои сведочат за уште едно лажно ветување на Јакимовски.
Освен овде, Јакимовски ветуваше изградба на верски храмови и во населбите Козле, Влае, Карпош 1 и 2, но до денес, ниту на тие локации нема никакви градежни активности.
Почитувани граѓани, ваквото поигрување на Јакимовски со чувствата на жителите на општина Карпош само докажува дека негов единствен интерес е личното богатење преку бизнис зделките со ВМРО-ДПМНЕ, додека потребите и проблемите на граѓаните вооопшто не го интересираат.
Затоа, граѓаните на Карпош ќе го казнат коруптивното, себично и неодговорно владеење на Јакимовски.
По промените на централно ниво, веќе есенва доаѓаат промени и на локалната власт. Граѓаните ќе добијат градоначалник и Совет кои ќе бидат фокусирани на решавање на проблемите, транспарентно трошење на буџетските пари, грижа за зеленилото и за општествено – економскиот напредок на Карпош.
СДСМ заедно со вас, граѓаните, ќе го врати духот и убавината на Карпош.