(ВИДЕО) Велјановски: Целосно се реконструира патниот правец Хиподром-Илинден, градиме по план во Гази Бабa

Власта предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со исполнување и реализација на дадените ветувања.

Со поддршка на Владата започнавме со реконструкција и проширување на патниот правец Хиподром – Илинден кој долги години беше оштетен и пред се небезбеден за учесниците во сообраќајот. – рече денеска на прес конференција  Александар Велјановски, Претседател на ЛК СДММ, Гази Баба.

Транспарентно ги известуваме граѓаните дека овој сериозен проект чини 6 милиони денари, средства кои се обезбедени од Владата и општините Гази Баба и Илинден.

Овој значаен инфраструктурен проект го решава прашањето на безбедноста и квалитетното поврзување на овој дел од градот.

Проектот опфаќа целосна обнова на асфалтот како и проширување на патот за уште една коловозна лента во должина од 2 км

Дополнително, со поставувањето на тротоарски површини од 2000м квадратни овозможуваме целосна безбедност на пешаците од овој регион.

Почитувани, работиме посветено и плански во решавањето на наследените инфраструктурни проблеми на нашите граѓани.

Продолжуваме со исто темпо во создавањето и изградбата на безбедна патна инфраструктура.

За нас зборот важи и така ќе продолжиме и во иднина. – порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e