(ВИДЕО) Стаменковска: Патриотски е да се грижиме за подобра иднина!

Изјава за медиуми

ОО СДСМ Крива Паланка, Габриела Стаменковска

08.09.2018г

 

Почитувани,

Патриотски е да се грижиме за подобра иднина – Да живее европска Македонија!

Ако на овој ден во 1991 година, граѓаните на Република Македонија глaсаа за независност и за суверенитет, сега пред нас имаме можност да застанеме гордо и да гласаме за нашето место во братството на европските народи, во Европската Унија, рамо до рамо, рамноправни со најсилните земји на светот, членки на НАТО.

Патриотизам е кога го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите со горди  граѓани.

Патриот си кога се грижиш за она што доаѓа утре. Патриот си кога ќе ја обезбедиш и заштитиш подобрата иднина.

Време е Македонија да направи историја и забрзано да продолжи по патот кон посветла иднина. Ова е нашата шанса а одговорот треба да го дадеме заеднички зашто никој наместо нас нема да донесе одлука.

Денес сме горди на Илинден, на АСНОМ и на Референдумот од пред 27 години, како најважни историски моменти од борбата за нашата независност и државност. Избравме самостојност, мир и стабилност. Избравме да бидеме дел од демократскиот свет да создадеме можности за подобар живот на нашите деца. Како резултат на тоа, денес имаме горди граѓани и држава која е на вистинскиот пат.

Почитувани граѓани, време е за нова правилна одлука, време е за нашиот избор ЗА европска Македонија !

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e