(ВИДЕО) Се реконструираат „Февруарски поход“ и регионалниот пат во Долно Лисиче

Она што ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да го направи 11 години, Владата на СДСМ успеа да го реализира.

СДСМ го слуша гласот на граѓаните и ги решава нивните проблеми. – порача денес на прес конференција Саше Унчевски, ОО СДСМ Аеродром.

Благодарение на градската власт предводена од СДСМ, конечно, жителите на Аеродром добија реконструирана главна сообраќајница, а тоа е булеварот „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче, која со години беше оставена оштетена и небезбедна за сообраќај.

Наскоро булеварот ќе добие нов лик како што ѝ прилега на една урбана општина. Наш приоритет е секогаш да обезбедиме сигурни и безбедни коловози за граѓаните.

Владата на СДСМ успеа да реализира уште еден капитален проект што е од огромно значење, пред сè, за жителите на Долно Лисиче. Имено, станува збор за целосно нов реконструиран пат, кој претходната власт на чело со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ свесно го игнорираше.

Патот во должина од четири километри беше еден од 12-те најоштетени делници, а неговата реконструкција се реализира во соработка со Светска банка, која обезбеди 14 милиони евра за оваа намена. Со реализацијата на овој проект долгорочно се реши повеќегодишниот проблем со несоодветната инфраструктура за локалното население.

Со одлична динамика се реализираат и сите други капитални инвестиции. На сите полиња државата забележува реален раст. Денес парите на граѓаните не се трошат за лажен барок, споменици и криминални тендери, туку за капитални инвестиции кои обезбедуваат подобар живот за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e