Прес конференција, ОО СДСМ Штип
Маријана Рогожарска, портпарол на ОО СДСМ Штип и член на ЦО на СДСМ
Штип, 29.05.2017 год
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Голем дел од граѓаните на Штип со денови се соочуваат со проблемите што ги предизвикаа минатонеделните дождови.
Причините за штетите што ги трпат граѓаните се се уште поплавените улици, оштетени коловози и тротоари, излеани атмосферски канализации.
Тоа е резултат на непрофесионалните изведби, лошо поставен асфалт,проблеми со атмосферските шахти, запушен канализациски систем.
Ги знаеме проблемите и сакаме да порачаме дека ќе има и промена на политиките и ревизија на работењето на досегашната локална власт.
Ќе има ревизија за што се трошени пари на граѓаните, ако градот Штип го блокира неколкучасовен дожд!
И како што има промени на централно ниво, ќе има и на локално ниво, со нови одговорни претставници на граѓаните, што ќе ги решаваат вистински нивните проблеми и ќе придонесат за квалитетен живот за сите граѓани.