(ВИДЕО) Ревија на автентични носии од Кривопаланечко

Во дворот на Локалната установа градски музеј, Крива Паланка, се одржа ревија на народни носии, настан подршан од општина Крива Паланак во насока на промоција на културните и етнолошки вреднсоти на општината и регионот.
Актинвноста е дел од проектот „Потенцијалите на автентичните народни носии и уникатниот фолклор“ кој КУД „Карпош“ го имплементира со финансиска подршка од локалната самоуправа на општината во рамки на програмата за финансирање здруженија и граѓански организации за 2018 година.

Пред бројната публика се претставија околу осумдесет играорки и играорци, челнови на културно-уметничкото друштво „Карпош“ од Крива Паланка.

Од друштвото нагласија дека во ковчезите на нашите баби сеуште можат да се најдат автентични парчиња облека, дел од шеснаесетте носии во општината, кои за жал, се во ограничен број.
-Целта и мисијата на КУД „Карпош“ е да ги заштити тие малку останати оригинални парчиња од непроценливо духовно и културно-историско наследство, да ги оживее, реактуализира, преку ваквите настани и манифестации, како сведоци на богатиот бит и фолклор кои го одликуваат нашето поднебје, изјави Миле Николовски, претседател на КУД„Карпош“.

На настанот продефилираа млади вљубеници во фолклорот и традицијата, но и повозрасните-ветерани од друштвото со кореографиите: „Песни и игри од источна Македонија“, „Шопски игри“, „Пијанец“, „Заврзлама“, „Мори Маро дилиндаро“ и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e