На ден 30.03.2018 год. општинскиот штаб за заштита и спасување итно одржа состанок и ја разгледа состојбата по обилните врнежи на дожд во изминатиот период што ја зафатиja Крива Паланка, како и во врска со активирањето на постојните свлечишта на локалниот пат с.Дурачка Река – с. Станци – маала Метoв – с.Дренак (кај м.в. Видња) и на стариот пат кон манастирот ,,Св.Јоаким Осоговскки”.
На состанокот се донесоа повеќе заклучоци и препораки меѓу кои:
1. Донесен е заклучок за целосно затварање на стариот пат кон манастирот ,,Св.Јоаким Осоговски,, и препорака за користење на алтернативниот локален пат- Руски пат;
2. За свлечиштето на локалниот правец Дурачка Река – село Станци – маала Метoв – с.Дренак (кај м.в. Видња) се препорачува:
• Целосна забрана на патниот правец за тешки товарни возила;
• Движењето на лесни моторни возила е во случај на ургентна и неопходна потреба;
Напоредно преку месните заедници се преземаат мерки за информирање на месното население: од селaта Дурачка Река ,Станци и Дренaк.
Упатени се известувања до сите надлежни институции:ПС од општа надлежност, локалните такси компании и останати субјекти.
“Се замолуваат сите граѓани да ги почитуваат сите предупредувања , препораки и поставена сообраќајна сигнализација.
За не почитување на овие укажувања Општината и надлежните институции нема да сносат никаква одговорност!
Напоредно на претходно кажаното преку надлежните институции Општината ќе бара можности за пробивање на нов алтернативен пат”, изјави претседателот на Совет на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска.