(ВИДЕО) Повеќе од 50 луѓе замешани во криминалната група од Струга, меѓу нив и полицајци

Инспектори, полицајци, чувари во затворот, но и локални бизнисмени се замешани во добро органзираната кримининална група за продажба на дрога и оруижје, во Струга и струшкиот регион. Според неофицијални информации на „Макфакс“ замешани се повеќе од 50 луѓе , а меѓу нив има и функционери. Од МВР велат дека не откриваат повеќе детали , бидејќи полициската акција се уште трае.

-Во истрагата е утврдено дека на криминалната група и помагал и инспектор во ПС Струга и против него ќе бидат преземени соодветни мерки. МВР продолжува со активностите за обезбедување материјални докази за други лица поради постоење на основи за сомнение дека се сторители на кривични дела, злоупотреба на службена положба и по целосно документирање на случајот ке биде известено надлежното јавно обвинителств, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Вчера полицијата приведе седуммина за недозволена продажба на дрога и оружје. Лицата веќе биле осудени и издржувале казна затвор од отворен тип, а едно лице е во бегство. При претресите во неколку објекти биле пронајдени четири пиштоли, шест илјади евра како и други материјални докази за сторени кривични дела. Претсрес имало и во службените простории во затворот во Струга, од каде е одземена докуменатција. Директорот на затворот, Арменд Шаќири не е меѓу приведените.

Извор: Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e