(ВИДЕО) Поделени картичките за зелена нафта на земјоделците во Крива Паланка

Започнавме со реализација на мерката “Зелена нафта” за земјоделците, а со тоа го исполнивме и предизборното ветување кон нив. Со оваа најнова мерка на Владата предводена од СДСМ овозоможуваме огромно олеснување на земјоделците. – порачаа на денешната прес конференција од ОО СДСМ Крива Паланка.

Од 1-ви август оваа година преку Владината мерка „Зелена нафта се опфатени 55.000 земјоделци од целата држава, a во двете општини Крива Паланка и Ранковце, вкупно 463 земјоделци имаат право да ја  искористат оваа мерка.

На овој начин кај нашите земјоделци се враќаат околу 200 милиони денари од кои дел завршуваат директно во рацете на нашите сограѓани – земјоделците од кривопаланчекиот регион.

Досега во нашата општина се подигнати вкупно 68 картички со кои директно се намалуваат трошоците на нашите земјоделци, се зголемува конкуретноста на нивните производи, а сето тоа тоа ќе донесе и поголеми приходи во нивните домаќинства.

За само две години, преку мерките на Владата предводена од СДСМ се враќа достоинството на земјоделците, расте побарувачката на производите, како на домашниот така и на странскиот пазар.

Владата предводена од СДСМ e целосно фокусиранa на подобрување на условите nа земјоделците, спроведување на аграрни реформи, помали трошоци и повеќе пари кај секој земјоделец.

Го слушаме гласот на земјоделците и останувамe посветени на мерките што обезбедуваат повеќе пари за граѓаните. – порачуваат од ОО СДСМ Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e