(ВИДЕО) По 40 години асфалтиран регионалниот пат Крива Паланка – с. Огут

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, изврши увид на активностите за асфалтирање на регионалниот патен правец Крива Паланка село Огут, во должина од 6 километри.

Машините се на терен, асфалтирањето е во завршна фаза, а средства за асфалтирањето и реализација на проектот се овозможени со буџетски средства од Јавно претпријатие Државни патишта,во висина од над 15 милиони денари.


Според Мицевски, оовој патен правец кој ја поврзува Крива Паланка, населбите Осичка Маала и Домачки Дол, со селата Осиче, Метежево, кон Габар, Метежево Огут и Нерав, е од исклучително значење за општината и за перспективниот развој.

-Патот е асфалтиран пред 40 години, а на мое општо задоволство и на сите граѓани , особено оние кои гравитираат кон овој реон од општината, поставуваме нов асфалт во должина на трасата од 6200 метри, а се врши и максимално проширување на патниот правец во анселбата Домачки Дол, каде беше своевидно тесно грло и сообраќајот се одвиваше отежнато, изјави Мицевски.

Мицевски се сретна и со мештаните кои му упатија благодарност за тоа што патоте с еасфалтира повторно, со нов слој по четири децении, а на повеќе места е направено и проширување , особено во Домачки дол, каде се јавуваше проблем и метеж во одвивање на сообраќајот.

Согласно потребите на одредени места од патот ќе бидат поставени ивичници, како и потпорни ѕидови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e