Изабела Павловска, претседател на Совет на општина Крива Паланка
Изјава за медиуми
Како никогаш досега ја имаме поддршката од големите држави во светот и заслужуваме подобри можности со подадена рака од двата најголеми и најсилни сојузи во светот, НАТО и Европската Унија.
Земјите членки сакаат да ја видат Македонија рамноправна, со право на глас во семејството на западните демократски држави. Со членството во НАТО, ќе добиеме безбедна и стабилна држава за сите нас.
Со НАТО и ЕУ ја гарантираме иднината на нашите деца а добиената поддршка е признание за нашата посветена работа, повеќе од две децении.
Светот ги цени нашите напори да дадеме позитивен пример ,Македонија, ѕвездата на Балканот, да биде нова голема надеж за регионот и Европа.
Драги сограѓани,
Ја имаме поддршката од европските лидери, доказ за тоа е што оваа недела во директна поддршка на развојот на Македонија доаѓаат генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, канцеларот на Австрија, Курц и канцеларката на Германија, Меркел.
Слушнете само што велат тие за Македонија:
– Се вративме на вистинскиот пат.
– Забележуваат лидерство и храброст кај оваа генерација граѓани на Македонија.
– Македонија напредува со реформите и покажа дека сака да оди напред, Светот ни ги отвора вратите.
– Во нас гледаат позитивна промена, обновено чувство на оптимизам, отвореност, енергија, надеж. Со нетрпение не очекуваат во НАТО и ЕУ!
Почитувани! На овој референдум не излегуваме да ги поддржиме партиите или Владата. На овој референдум излегуваме за себе. Излегуваме за нашата иднина, за нашите деца, за нашите земјоделци, за нашите доктори, за нашите работници.
На 30-ти септември бираме европска Македонија, членка на ЕУ и НАТО!