– Она што го зборував во кампањата, сакаме сега и да го реализираме, потенцираше Богоев, а тоа е заштита и корисистење на постојното зеленило и секако надградување и подигнување на нови зелени површини. Тоа е она што ќе ни помогне да имаме поквалитетен и поздрав живот и да имаме почиста животна средина и почист воздух за дишење.

На овој детски парк се засадени нови 15 дрва , нови растенија –лаванди, кои треба сите заедни да ги зачуваме, посочи првиот човек на Општината, потенцирајќи дека поставените детски реквизити се од еколошки материјали, како и ново лед осветлување, односно штедливи светилки, со што целиот парк е во знакот на заштита на животната средина и користење на постојното зеленило.

Градоначалникот на Карпош ги наброја и сите активности кои Општината ги организираше во текот на тукушто изминатата недела по повод 42 години од постоењето, односно роденденот на Општина Карпош.

-Организиравме хуманитарна и крводарителска акција, затоа што Карпош секогаш бил хуман и солидарен, покажавме дека концептот за зелен и чист Карпош нема алтернатива и засадивме 200 нови дрвја, со цел да се справиме со загадениот воздух се донираа прочистувачи за воздух за градинката „Орце Николов“ во Карпош 4. Ги вклучивме во прославата и основците преку организирање на мултимедијалниот настан „Јас имам талент“, како и преку натпреварите во рамки на спортските купови по повод Денот на Општината.Го прогласивме и заслужниот граѓанин, Марин Докузовски, нашиот истакнат спортски работник и поранешен тренер на македонската кошарска репрезентација.

Одбележувањето на роденденот на Општината беше проследен и со уметнички перформанс – цртање на урбан графит од познатиот уметник DREADPEN како и со пригодна музика со DJ.

На крајот од пригодната прослава на Денот на Карпош , градоначалникот им го честиташе роденденот на сите граѓани на Карпош, на сите генерации кои се дел од нашата Општина и кои придонеле или се уште придонесуваат за нејзин развој.