-Ги ставаме во мирување сите теренски активности за да го заштитиме здравјето на граѓаните! Апелираме да се почитуваат мерките и препораките на министерството за здравство, порачаа од ОО СДСМ Крива Паланка.
Оттаму велат дека нудат помош за секој кој што е во изолација.
-Да му помогнеме на секој што е во изолација со тоа што преку наши тимови потребните намирници ќе ги доставиме до вашите домови, порачаа од СДСМ Крива Паланка.
Секој кој што е во изолација, и има потреба од храна, лекови или било што за нормално функционирање, тимови на СДСМ Крива Паланка ќе ги достават до нивните домови. Сите кои ќе ја имаат оваа потреба, треба да ги контактираат социјалдемократите од Крива Паланка преку нивната фан страна на Фејсбук