Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека со поддршка на Министерството за култура предвидена е целосна реконструкција, реставрација и санација на конакот во едно од нашите најважни културни богатства, Лешочкиот манастир.
Го чуваме културното наследство, тоа е одговорно, потенцираше Николовски.