Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски најави дека до крајот на оваа година ќе се избере изведувач за првите две фази за изградба на железничката пруга Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка.
„Минатата година, пред парламентарните избори ветивме еден крупен проект, а тоа е ски центарот на Царев Врв. И не само што го ветивме пред само 12 месеци, туку веќе постапките се во тек.
Најавуваме инвестиција од 500 милиони евра за изградба на ветерен парк во потегот од Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка.
На 17-ти октомври да излеземе сите и од Крива Паланка да тргне победата и победничкиот караван на СДСМ и на Коалицијата #НајдобротоЗаМојатаОпштина“, нагласи Николовски.