(ВИДЕО) Мицевски: Македонија избира иднина, а ЕУ и НАТО даваат поддршка за тоа!

Изјава за медиуми

ОО СДСМ Крива Паланка, Борјанчо Мицевски

07.09.2018г

Почитувани,

Македонија избира иднина, a ЕУ и НАТО и дадтоа несебична поддршка во таа насока.

Со зачленување во НАТО на Македонија и сегарантира територијалниот интегритет и безбедност, а со започнување на преговорите за членство со ЕУ се зголемуваат фондовите кои ЕУ и ги става на располагање на нашата држава.

Така покрај тековните фондови, Македонија ќе има средства кои ќе може да ги користи дополнително.

За Крива Паланка секако најзначајни ќе бидат фондовите за рурален развој.

Со нив ќе се инвестира во нови патишта, мостови, водоводи, канализациони системи, училишта, градинки.

Ќе се зголемат фондовите за земјоделците. Ќе има повеќе пари за субвенции, за нова механизација, повисоки приноси, подобар квалитет, сигурен пласман.

– Вкупната годишна помош од ЕУ за Македонија засега изнесува 90 милиони евра односно 260.000 евра дневно.


Со напредокот помошта ќе расте секојдневно!

– Влегуваме во Унија од 500 милиони потрошувачи или 250 пати поголем пазар од нашиот домашен, што значи поголема продажба на македонските производи, повеќе пари за бизнисите и соодветно, поголеми плати за граѓаните!

– во 2019 ќе имаме 8.5 милиони евра европски пари за заштита на границите

– 15 милиони евра европски пари за земјоделството

– 15.5 милиони евра годишно за Македонија преку ЕУ програмата за транспорт

– 18 милиони евра во 2020 година за реформи во правосудството и во полицијата во

Фондовите на ЕУ за подобрување на социјалните услуги изнесуваат 500 милиони евра. Со влезот на Македонија во унијата ќе ги користиме овие пари за да изградиме силна социјална држава и врвни социјални услуги за граѓаните.

Почитувани!

Во Македонија и Крива Паланка се случуваат позитивни промени, се шири нова енергија и расте оптимизмот.

Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во неа.

Затоа македонските граѓани на 30-ти ќе гласаат ЗА просперитетна, стабилна и сиурна иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e