Изјава за медиуми
ОО СДСМ Крива Паланка, Миле Марковски
06.09.2018г
Почитувани,
Со вашиот глас ЗА на 30 септември, Македонија станува рамноправна 30-та земја-членка во најсилниот сојуз на светот, признаена, со право на глас и одлука. Влегуваме во безбедносен штит на најмоќниот воен сојуз во светот каде трајно ќе ги заштитиме нашите граници и територија, со што Македонија станува фактор на стабилност во регионот.
Интеграцијата на Македонија во НАТО ќе значи цврсти државни граници, безбедност и сигурност за нашите деца и за идните генерации.
Членството во Алијансата ќе донесе нови и големи странски инвестиции во економијата на Македонија. Инвестициите отвораат нови работни места, се зголемува растот на платите, ќе се зголеми извозот.
Анализите покажуваат дека економиите на сите земји, по влезот во НАТО, имаат двојно до тројно зголемување на странските инвестиции.
Црна Гора, како земја-членка на НАТО, само за една година бележи двоен раст на инвестициите, од 96 милиони евра на 215 милиони евра во 2018 како и 25% раст на туристи кои доаѓаат од НАТО земји-членки.
Една година откако стана членка, во Бугарија инвестициите пораснале за цели 36% од 7,5 милијарди евра во 2004 на 11,5 милијарди евра во 2005 година.
Интеграцијата во НАТО, позитивно ќе влијае врз развојот на инфраструктурата,нови патишта, железници, комуникациски и енергетски системи.
Сите меѓународни партнери нѐ признаваат како македонски народ, кој говори македонски јазик.За Македонија не постои подобра алтернатива за развој од ЕУ и НАТО.
Да излеземе и сите заедно да кажеме ЗА нашата иднина!