Сочуствувам со штетата и загубата на природното богатство, изјави на прес-конференција велешкиот градоначалник Аце Коцевски информирајќи дека пожарот е локализиран.
Сепак, се уште на терен се припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, Национални шуми, ЈП Древен и два хеликоптери на Армијата кои ги гаснат жариштата на многу локации бидејќи поради пеколните температури постои опасност од реактивирање.
Коцески не ги криеше разочарувањето од изјавата на пратеникот Влатко Ѓорчев дека при гасењето на пожарот затаил системот, а хеликоптерите пристигнале по пет часа.
„Разочаран сум што во вакви ситуации се даваат нерационални изјави и лажни вести. По моето јавување на Шеќеринска, добив одговор дека хеликоптерите ќе тргнат за Велес за 35 минути. Не е добро да се собираат политички поени во вакви ситуации“, рече Коцевски.
Извор: 360Степени