(ВИДЕО) Ивановска: Новиот кружен тек во Волково го реши долгогодишниот сообраќаен проблем во руралниот дел од Ѓорче Петров

Локалната власт во Ѓорче Петров предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски во континуитет инвестираат во унапредување на сообраќајната инфраструктура во нашата општина, изјави за медиумите Марина Ивановска, член на ЦО на СДСМ.

„Во моментот се наоѓаме во село Волково каде е изграден кружен тек кој го реши долгогодишниот сообраќаен проблем на околу 2800 домаќинства или околу 13 000 жители од Волково, Кучково, Орман, Никиштани, како и на голем број граѓани кои транзитираат во овој дел.

Истовремено, започнаа градежните работи за асфалтирање на двете најголеми споредни сообраќаници кои го поврзуваат населеното место Волково со Кисела Јабука, улица 20 и улица 22 Се асфалтира должина од 2, 5 километри со што се олсенува пристапот до домовите на околу 190 семејства.

Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и урбаните заедници, градиме за да обезбедиме локален економски развој.

СДСМ и на локално и на централно ниво продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура.

Посветено работиме на проекти важни за граѓаните. Продолжуваме со истата динамика во Ѓорче Петров за да биде уште подобро за нашите сограѓани.

Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните“, истакна Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e