(ВИДЕО) Ѓоргиевски: Членството во НАТО и ЕУ гарантира повисоки приходи за граѓаните, поголеми инвестиции и нови работни места

Изјава за медиуми,
Игор Ѓоргиевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка
Крива Паланка, 04.09.2018г

Почитувани сограѓани!

Членството во НАТО и ЕУ гарантира раст на македонската економија!

Тоа значи:

– повисоки приходи за граѓаните

– поголеми инвестиции и нови работни места

– поголем и стабилен пазар за домашните фирми, 500 милиони потрошувачи достапни за македонските компании

– економски развој и подобар живот на нашитe граѓани и нашитe деца

Драги сограѓани,

Членството во НАТО ќе донесе нови и големи директни странски инвестиции и нови работни места. Македонија станува конкурентна, се зголемува растот на платите, ќе се зголемуваат бруто-домашниот производ и извозот.

Колки за споредба, инвестициите значително пораснаa, а невработенoста се намали во сите земји од регионот кои станаа членки на НАТО и ЕУ. Платата во Бугарија од 262 евра порасна на 550 евра, додека во Романија од 125 евра на 525 евра. Во Бугарија невработеноста сега е 5.3% а во Романија 4.3,   Далеку подобро од 2007 година кога беа надвор од унијата.

Со започнување на преговорите за членство добиваме:

-15.5 милиони евра од ЕУ секоја година за инфраструктура . Ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, училишта и градинки, за подобар живот на сите граѓани, за подобро утре на нашите деца.

Ќе се зголемат фондовите за земјоделците. 15 милиони евра европски пари во земјоделството за 2019 година. Тоа значи повеќе европски средства за субвенции, за механизација, повисок приход, подобар производ и пласман со подобри цени.

Добиваме 8.5 милиони евра за заштита на границите на Македонија веќе оваа година и 18 милиони евра во 2020 година за реформи во правосудството и  полицијата.

Вкупната годишна EУ помош за Македонија преку повеќе мерки изнесува 90 милиони евра, пари за развој во секоја област.

Почитувани,

Македонија избира иднина, ЕУ ја поддржува Македонија.

На 30 септември избираме просперитетна и силна Македонија, членка на ЕУ и НАТО!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e