Нема повредени патници откако автобус на ЈСП се запалил во возење, пред околу еден час, пред општинската зграда во скопската населба Ѓорче Петров.
Според првичните информации, причина за пожарот била неисправна инсталација на автобусот. Огнот избувнал на вториот кат на автобусот, но патниците навреме излегле.
Две противпожарни возила навреме пристигнаа на местото и го изгаснаа огнот.
Сообраќјот на улицата Ѓорче Петров во овој момент се одвива отежнато.
Фото: Пандорче Димитровска